петок, 12 декември 2025

Додик: САД и Британија сакаат БиХ да ја претворат во унитарна муслиманска држава

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека американската и британската администрација во Босна и Херцеговина „ги наметнуваат политиките на своите држави и ја поддржуваат идејата за унитарна држава, во која муслиманите ќе бидат доминантни“.

„Станува збор за грабеж на комплетниот дел на западната дипломатија на воспоставување муслиманска држава и тие тоа не го кријат. Република Српска нема да направи ништо спротивно на уставот и Дејтонскиот мировен договор“, изјави Додик на конференција за медиумите во источно Сараево.

Тој кажа дека Република Српска не намерава сецесија, но додаде дека Босна и Херцеговина „нема да ја има ако не биде уставна држава“.

Додик додаде дека ставовите на претседавачот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ не ги одразуваат ставовите на Босна и Херцеговина, туку дека се нивни лични ставови.

„Гледаме низа неточни информации во име на Босна и Херцеговина, кои ги изнесоа Комшиќ и Турковиќ. Тоа се нивни лични ставови и не се усогласени на ниво на БиХ. Тоа само придонесува на недоразбирањето“, оцени тој.

Додик смета дека територијалниот интегритет на БиХ не е загрозен, а дека „со приказната за војна во БиХ треба да се спречат легитимните ставови на РС“.

„Република Српска некој сака да ја доведе во позиција на ѓавол. Сето тоа ги збунува и ги излудува сите фактори во Босна и Херцеговина. Комшиќ не беше во Шпанија во име на Босна и Херцеговина. Шпанските власти се лажно информирани. Тој не е извор на информации за објективната состојба во БиХ“, кажа тој.

Истакна дека не е став на БиХ тоа што бошњачкиот став на претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ „секој ден го напаѓа претседателот на Србија Александар Вучиќ“.

„Јасно е дека Србија е потписник на Дејтонскиот мировен договор, па и во име на Република Српска. Затоа таа ја следи состојбата во БиХ“, наведе Додик.

Тој смета дека официјалната политика на Србија не е насочена кон уривање на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Според него, односите во БиХ остануваат сложени, а некои, како што оцени, изгледаат дека ќе бидат сè потешки и нерешливи.

Додаде дека ситуацијата во БиХ и понатаму ќе се одвива на релација на судир на концептот на децентрализирана земја и другиот, кој сака да направи унитарна БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ