недела, 1 февруари 2026

Додик: Република Српска ќе биде признаена од 15 земји во рок од неколку дена откако ќе прогласи независност

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денес изјави дека негова главна цел е независна Република Српска, што сака да го постигне преку мирен политички процес, користејќи го, како што изјави, меѓународниот тајминг што се создава, додавајќи дека 15 земји би ја признале независноста на Република Српска во рок од неколку дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога Република Српска ќе прогласи независност, 15 земји ќе ја признаат во рок од неколку дена“, рече Додик за време на гостувањето во Утринската програма на Радио Телевизија на Република Српска (РТРС), додавајќи дека би бил незадоволен ако се пропушти моментот за донесување, како што изјави, конечни одлуки.

Тој нагласи дека сака да ја ослободи Република Српска од притисок, додавајќи дека не е човек кој се откажува и дека се стреми да се бори за своите политички цели. Додик исто така рече дека не се согласува со бошњачката доминација во Босна и Херцеговина и со потчинетоста на која, како што рече, се согласува и опозицијата во Република Српска. Тој нагласи дека тие знаат какви се напорите на муслиманите во БиХ, дека направиле сè за да „ја уништат дејтонската БиХ“ и да ја доближат што е можно поблиску до унитарна земја.

„Ако сме глупави, ќе се согласиме да ни се случи она што тие го сакаат, ќе испаднеме наивни и глупави, а потоа не ја заслужуваме својата република“, додаде тој.

Додик изјави дека Европската Унија не успеала како заедница и дека нема причина Република Српска да верува во европската интеграција.

„Германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека треба да размислиме за тоа дека се прави Европа во две брзини, а тоа значи дека оваа Европа не постои и не успеала. Па зошто нè туркате таму?“ рече Додик.

Според него, единствената логика е да се застане и да се види која е Европа со две или можеби шест брзини.

„Сакате да нè вовлечете таму, да ги користите нашите ресурси, да ги купите нашите млади луѓе и да ги однесете на Источниот фронт. Кон тоа се стремат, а кој и да ја застапува приказната за европска интеграција денес, се залага токму за тоа“, рече Додик. Како што вели, мора да престанеме со овие приказни. „Европа не успеа како заедница и нема причина да веруваме во такво нешто“, заклучи Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ