„На почетокот на седницата на Претседателството на БиХ Милорад Додик побара измена на дневниот ред и заземање став на Претседателството на Босна и Херцеговина во врска со ситуацијата во Украина. Поради тоа што другите два члена ја одбија расправата, Додик ја напушти седницата“, напиша неговиот советник Радован Ковачевиќ.
Додик, како што пишува Кликс, побарал БиХ да биде неутрална околу прашањето за ситуацијата во Украина, односно руската агресија во таа земја.
„Позицијата на БиХ околу прашањето на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина е сосема јасна од официјалните ставови од 2014 година, без оглед на обидите на Додик да се заземе нов став“, порача актуелниот претседавач на Претседателството на БиХ Комшиќ.
Додик кажа дека не се става ни на страна на Украина, ни на страна на Русија и дека така ќе остане.






