„Не сме спремни од Русите, каде и да се, да правиме мета на прогон, како што тоа го прават некои на Западот, покажувајќи ги своите фашистички манири и одземајќи им имот на луѓето, прогонувајќи го секој кој е Русин, па дури и децата во градинките. Против тоа сум и ќе останам“, кажа Додик.
Тој оцени дека политичарите во Сараево сакаат да одат подалеку од тоа за што тој се залага, односно моментален прекин на огнот, воспоставување мир и преговори.
Коментирајќи ја оценката на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит, кој вчера кажа дека има чувство дека „Додик се губи во ставовите и дека би му било подобро неколку дена ништо да не зборува и размислува“ околу украинската криза, Додик кажа дека Шмит „е човек чиј став не е ниту важен ниту релевантен“.
„Не го следам тој лик одамна. Тој е на ниво на ништо и неговиот став воопшто не е важен, релевантен ниту важен за мене. Тој не е тој што одредува што е нечиј став ниту кого јас сум спремен во која било смисла да го разберам или поддржам“, кажа српскиот член на Претседателството на БиХ.
Повтори дека за него Шмит е „човек кој лажно се претставува како висок претставник во БиХ“, додавајќи дека сè што кажува „останува со призвук – лажно, испрати понатаму“.
„Ние околу украинската криза предложивме да се заземе неутрален став бидејќи мислиме дека тоа е добро и за муслиманите и за Хрватите. И украинскиот и рускиот народ за нас се блиски и не можеме тука да правиме каква било разлика, барем што се однесува до нас“, кажа Додик.






