Додик изјави дека последната провокација на претседавачот на Претседателството на БиХ Комшиќ најкратко може да се објасни како „честитка на лажна држава од лажен член на Претседателството, со лага дека тоа го прави во име на БиХ“.
„Малиот ситен измамник и манипулант, просјакот на политичката сцена не може поинаку освен со провокација. Комшиќ и вчера ги демонстрираше своите дострели кога станува збор за заедничкиот живот во БиХ“, кажа Додик.
Според него, на Комшиќ воопшто не му е гајле за Косово, туку неговата намера е да ги испровоцира Србите.
„Тоа му е секоја политика откако како лажен Хрват беше подметнат на изборите“, порача Додик.






