„Сè друго е плод на фантазијата на (бошњачкиот член на Претседателството на БиХ) Шефик Џаферовиќ, кој непредизвикан се најде во темите на високата политика, не знаејќи ништо друго освен да се умилкува на западниот дел на меѓународната заедница“, напиша Додик на Твитер.
БиХ дестабилизују муслимани помогнути с неколико западних амбасада. Све друго је плод фантазије Шефика Џаферовића, који се ничим изазван нашао у темама из високе политике, не знајући ништа друго него да се улагује западном дијелу међународне заједнице.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) May 8, 2022
Тој додаде дека пред сè Цаферовиќ би требало да одговори „колку муџахедини лично контролирал во граѓанската војна во БиХ и колку злосторства направиле, а потоа на светот да му остави да пресуди како е можно некој со таква биографија воопшто да е на слобода“.
Додик смета дека тоа што Џаферовиќ е во Претседателството на БиХ е „доказ за ненормалноста во која егзистира БиХ“.
Претседавачот на Претсдеателството на БиХ Шефик Џаферовиќ изјави за холандскиот весник Волкскрант дека „глетките од Украина се идентични на оние од БиХ пред три децении“, како и дека придружувањето на БиХ во Европската Унија е геополитичка неминовност, имајќи ги предвид „напорите на Русија да ја дестабилизира земјата“.






