сабота, 31 јануари 2026

Џонсон&Џонсон годинава очекува годинава до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

Објавено на

часот

Сподели

Поради доцнењето на испораките и неуедначената побарувачка приходот на компанијата од вакцините против ковид минатата година изнесувал 2,39 милијарди долари, во однос на планираните 2,5 милијарди.

Вкупниот приход на компанијата минатата година пораснал за 13,6 отсто, на 93,8 милијарди долари. Кога ќе се исклучи купувањето и продажбата на имот, зголемен е за 12,8 отсто.

Приходот од продажбата на лекот против рак Имбрувика, создаден во соработка со Абвие, пораснал за 5,8 отсто, на 4,36 милијарди долари. Лекот за Кроновата болест Стелара им донел 9,13 милијарди долари приход, 18,5 отсто повеќе од 2020 година.

Нето добивката пораснала во 2021 за 42 отсто, на 20,9 милијарди долари.

Се очекува уделот на вакцините во вкупниот приход да биде мал бидејќи Џонсон&Џонсон ги продава по цена која не гарантира голема заработка.

Конкурентот Фајзер процени дека вакцината во минатата година му донела 37 милијарди долари приход, но и тој на Модерна се мери во десетици милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ