четврток, 11 декември 2025

Џонсон во Киев: Украинците жестоко ќе се борат. Руските мајки нека размислат за тоа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Џонсон на прес-конференцијата по средбата кажа дека постои „јасна опасност“ од „непосредна“ руска воена интервенција во Украина што би било „катастрофа за Русија и за светот“ и ја повика Москва „да се повлече“.

„Таа опасност е јасна и присутна, гледаме дека се трупаат голем број војници, гледаме подготовки од сите видови на кохерентни операции со непосредна воена закана“, истакна Џонсон.

[video:https://youtu.be/If5mk185zB8 autoplay:0]

Британскиот премиер додаде дека Обединетото Кралство заедно со своите сојузници е спремно да ѝ воведе санкции на Русија „во оној момент кога првата руска чизма ќе стапне на територијата на Украина“.

„Битно е Русија да се повлече и да го одбере патот на дипломатијата и мислам дека тоа е сè уште возможно. Спремни сме за дијалог, нормално, но санкциите се спремни“, се закани тој, додавајќи дека трупањето на руски сили на границата е „веројатно најголемиот чин на непријателство кон Украина во текот на нашите животи“.

Додаде дека оружениот судир би имал висока цена. „Украинската војска ќе се бори. Ќе пружи жесток, крвав отпор. Мислам дека мајките во Русија би требало да размислат за тоа“, кажа Џонсон.

Најави дека утре телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ако ескалацијата почне, нема да биде тоа војна меѓу Русија и Украина, ќе биде тоа голема војна во Европа“, порача украинскиот претседател Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ