понеделник, 30 март 2026

Џонсон стравува дека Русија ќе употреби хемиско оружје во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Работите што ќе ги слушнете за хемиско оружје доаѓаат директно од нивната кујна“, изјави Џонсон.

„Почнуваат да зборуваат дека постои хемиско оружје кое го складирале нивните противници или Американците, па кога тие самите ќе разместат хемиско оружје, а се плашам дека би можеле, имаат спремна приказна“, кажа британскиот премиер.

Џонсон го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „циничен обид“ за креирање изговор за користење хемиско оружје во Украина.

Кажа дека се плаши дека „варварскиот режим“ во Кремљ би можел да биде спремен да го употреби забранетото оружје бидејќи неговите сили не успеале да го постигнат очекуваниот напредок.

„Се плашам дека тоа е цинична, варварска влада“, додаде Џонсон.

Претходно и Соединетите Американски Држави објавија слично предупредување за употреба на руско хемиско оружје.

Тврдењата на Русија дека САД во Украина финансирале лаборатории за биолошко оружје и дека складирале хемиско оружје таму се „чиста измама“ во обид за правдање на понатамошни напади со предумисла, кажа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ