Џонсон кажа дека американскиот претседател Џо Бајден им кажал на западните лидери дека разузнавачите сугерираат дека руските сили планираат инвазија со која ќе го опколат главниот украински град Киев.
Според Џонсон, руските трупи не планираат само влез во Украина од исток, преку Донбас, туку и од Белорусија и областа околу Киев. Додаде дека сите знаци покажуваат дека планот на одреден начин веќе почнал.
„Луѓето мора да ја разберат големата цена што ова може да ја носи со себе. Се плашам да го кажам тоа, но планот кој го гледаме навистина би можел да биде најголемата војна во Европа од 1945 година во смисла на нејзините размери“, кажа Џонсон.
„Луѓето мора да ја земат предвид не само потенцијалната загуба на животите на Украинците туку и на младите Руси“, додаде британскиот премиер.






