Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека британскиот премиер нагласил дека гласот на Украина мора да биде клучен во сите разговори.
Кремљ соопшти дека Путин и Макрон во разговорот кажале дека е неопходно да се интензивира потрагата по дипломатски решенија за украинската криза.
Елисејската палата соопшти дека лидерите се договориле да овозможат состанок на работната група со цел да се постигне примирје на линијата на контакт во Украина.






