„Нашите најлоши стравови се остварија и сите наши предупредувања за жал се покажаа точни“, рече премиерот во обраќањето до нацијата во врска со ситуацијата со Украина.
Џонсон најави дека е договорен голем пакет економски санкции во соработка со другите сојузници.
„Нашата мисија е јасна. Дипломатски, политички, економски – и евентуално воено – овој грозоморен и варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши со неуспех“, рече тој.
Тој оцени и дека ова не е напад само на Украина, туку дека е напад на демократијата и слободата во источна Европа и во светот.
„Оваа криза е за правото на слободниот, суверен, независен европски народ да ја бира својата иднина, право што Обединетото Кралство секогаш ќе го брани“, рече тој.






