Воочи средбите со лидерите на Канада, Холандија и Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон во саботата рече дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путим мора да доживее неуспех.
„Не е доволно да покажеме поддршка за меѓународниот поредок заснован на правила, мора да го браниме од континуиран обид правилата повторно да се напишат со употреба на воена сила“, рече Џонсон во изјавата.
Тој, исто така, ги изнесе своите цели, вклучително и создавање меѓународна хуманитарна коалиција за Украина, поддршка на нејзината самоодбрана и зголемување на економскиот притисок врз Москва.
Тој повика и на воспоставување дипломатски патишта за деескалација со целосна вклученост на украинската влада, поголема безбедност во евроатлантската област и да се запре „постепената нормализација“ на руските активности во Украина.
По средбите со канадскиот и холандскиот премиер што ќе се одржат во понеделник, Џонсон во вторник ќе биде домаќин на лидерите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, земјите каде што има прилив на украински бегалци поради инвазијата.
Велика Британија планира да ги забрза санкциите кон руските бизнисмени преку нови законски мерки, кои ќе ги испрати до парламентот во понеделник.






