сабота, 31 јануари 2026

Девојче веќе 9 месеци е позитивно на брз тест, никој не знае зошто

Објавено на

часот

Сподели

Лекарите не можат да ја најдат причината, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирусот.

Според германски РТЛ, на 13 април 2021 година Ева за прв пат била тестирана на училиште со брз тест. Тестот покажал позитивен резултат, по што таа ја повикала мајка си Кристина да ја земе од училиште.

Ева отишла на ПЦР-тест и била ставена во карантин додека да дојде резултатот. Три дена подоцна дознала дека нема коронавирус. Следниот ден се вратила на училиште и наутро се тестирала за корона со брз тест. Резултатот бил позитивен.

„Ми беше многу непријатно, стресно. Не можев ништо да направам“, вели 15-годишното девојче.

Истото ѝ се случувало со недели, пробала дури 30 различни брзи тестови за коронавирус, но сите дале позитивен резултат.

Докторите не знаат што се случува, а во почетокот никој не ѝ верувал на девојката. Таа морала да направи неколку тестови во присуство на учител или лекар бидејќи тие не ѝ верувале.

„Нѐ учеа дека може да има лажно позитивни тестови, дека можеме да го направиме тестот погрешно итн. Отпрвин никој не ни веруваше. Во последните девет месеци мојата ќерка неколку пати беше ставана во карантин, пропушти многу часови и не можеше ништо да прави со пријателите бидејќи учеството во јавниот живот е можно само со брз тест или дополнителна вакцинација. Мислев дека ова никогаш нема да заврши бидејќи никој не можеше да најде причина зошто брзите тестови секогаш покажуваат дека ќерка ми е позитивна на короната“, вели Кристина.

Во меѓувреме, управата на училиштето ја ослободила 15-годишната девојка од обврските за тестирање, а таа примила две дози вакцина.

„Мислевме дека тоа ќе помогне и извесно време имаше слобода додека властите не го воведоа правилото 2Г плус. Сега сѐ отпочеток. Ева сега може да добие трета или засилена доза, а потоа ќе имаме мир додека не дојде правилото 2Г плус – плус со ѕвездичка“, вели мајката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ