недела, 11 јануари 2026
Протести низ САД

Десетици уапсени во Минеаполис за време на протестот против ИЦЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 29 лица се уапсени во Минеаполис за време на протестите поради смртта на жена застрелана од агент на американската Служба за миграција и царина (ИЦЕ), пренесува Би-би-си.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Еден полициски службеник бил повреден откако кон него било фрлено „парче мраз“, соопштија градските власти, за време на демонстрациите на кои присуствувале околу 1.000 луѓе во петокот вечерта, објави медиумот.

Протести против спроведувањето на имиграциската политика се одржаа низ сите Соединети Американски Држави откако 37-годишната Рене Никол Гуд беше застрелана во својот автомобил во средата.

Администрацијата на Трамп соопшти дека агентот кој ја застрелал дејствувал во самоодбрана. Сепак, локалните власти инсистираат дека жената не претставувала никаква опасност.

Полицијата во Минеаполис го прогласи собирот за незаконски во петокот вечерта, пренесува медиумот, кога демонстрантите се собраа пред хотелот „Канопи“ во центарот на градот, каде, како што се верува, престојувале некои агенти на ИЦЕ.

Полициската управа на Минеаполис во соопштението изјави дека „поединци насилно влегле во хотелот низ влез од споредна улица“, се наведува во текстот на Би-би-си.

Снимките објавени на интернет покажуваат демонстранти како упатуваат силни светла кон објектот, дуваат со свирчиња и удираат на тапани.

Полицијата соопшти, како што е цитирано во текстот, дека во областа имало „значително повеќе од 1.000“ демонстранти и дека некои од нив фрлале мраз, снег и камења кон полицајците, полициските возила и другите возила, но дека немало сериозни повреди.

Еден припадник на органите на редот добил полесни повреди, но не му била потребна медицинска помош, според извештаите на американската Си-би-ес њуз.

Официјални лица соопштија дека уште еден хотел во градот исто така бил цел на напад, при што биле оштетени прозорци и испишани графити.

На прес-конференцијата во саботата, градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ги пофали мнозинството демонстранти, за кои рече дека биле мирни, но нагласи дека лицата кои предизвикуваат материјална штета или ги ставаат другите во опасност ќе бидат уапсени.

Шефот на полицијата Брајан О’Хара изјави дека 29 лица уапсени во петокот вечерта подоцна биле ослободени, според извештаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ