„Најмалку 178 лица се уапсени во 15 града во Русија“, соопшти организацијата.
Во близина на Кремљ во Москва беше организиран мирен протест на кој демонстрантите седнаа на клупите во паркот, но полицијата набрзо почна да апси луѓе среде снежната бура.
Повеќе од 30 полициски возила се распоредени околу паркот и во близина на црвените ѕидови на Кремљ.
Во Санкт Петербург на сличен собир беа уапсени 25 лица.

Активистите што се против војната во Украина на социјалните мрежи најавија слични демонстрации во парковите низ Русија, од Владивосток до Сочи.
Покрај протестите поради војната во Украина, демонстрантите бараат и ослободување на противникот на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во затвор.
Иако протестите се забранети во Русија, многу активисти одвреме-навреме се собираат за да ја осудат војната во Украина.






