„Трет круг. Почеток во 16 часот по киевско време. Делегацијата е непроменета“, напиша Михаил Подољак, член на украинската делегација, објавувајќи своја фотографија со хеликоптер во заднината.
Руската делегација пристигна во белорускиот град Брест на преговори со украинската делегација за ставање крај на конфликтот, објави денеска руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на страницата Флајтрадар, која ги следи летовите.
Точната локација на планираната средба не е откриена.
По вторите преговори во четвртокот, беше постигнат договор само за создавање хуманитарни коридори за цивили во областите на тешки борби.
Украина тврди дека Русија не го почитува тој договор и дека гранатирањето ја спречува евакуацијата на цивили. Русија за истото ја обвинува Украина.
Во меѓувреме руските власти постојано велат дека Русија има четири услови, по кои нападите веднаш ќе прекинат: „денацификација“, „демилитаризација“ на Украина, признавање на Крим како руска територија и прознавање на Доњецк и Луганск како независни држави.






