понеделник, 30 март 2026

Денеска Судот на правдата решава за случајот Украина-Русија, Москва одби да присуствува

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во високиот суд на Обединетите нации Украина бара итна пресуда Русија да ја запре инвазијата.

Киев вели дека оправдувањето на Москва за нападот се заснова на погрешно толкување на законот за геноцид.

Руската „специјална воена акција“ е потребна „за да се заштитат луѓето што биле подложени на малтретирање и геноцид“, што значи оние чиј прв или единствен јазик е рускиот, во источна Украина, рече претседателот Владимир Путин.

Тврдењето за геноцид е невистинито, а исто така не обезбедува правно оправдување за инвазијата, тврди Украина.

Случајот поднесен во Меѓународниот суд на правдата се фокусира на толкување на договорот за спречување геноцид од 1948, кој беше потпишан од двете земји. Според договорот, Меѓународниот суд на правдата е именуван како место на решавање на споровите меѓу потписниците.

Денеска Украина ќе го презентира својот случај, а Русија требаше да одговори утре.

Русија одби да присуствува на сослушувањето во Врховниот суд на ОН на кое Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.

Пред да ја разгледа основаноста на случајот, МСП може за неколку дена да нареди брзи „привремени мерки“ за да се спречи влошување на ситуацијата.

Иако одлуките на овој суд се обврзувачки и земјите генерално ги следат, тој всушност нема директни средства за нивно спроведување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ