понеделник, 30 март 2026

Денеска ќе се одржи вториот круг разговори меѓу Русија и Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Сега е официјално. Вториот круг разговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, рече помошник на украинскиот претседател.

„Делегациите ќе бидат во истиот состав“, додал функционерот.

Во вторникот руската државна новинска агенција РИА соопшти дека вториот круг од разговорите ќе се одржи во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска, поточно во белорускиот регион Брест.

Првиот круг разговори во понеделникот траеше пет часа и заврши без договор.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Москва е подготвена за разговори за ставање крај на борбите во Украина, но ќе продолжи да притиска во напорите за уништување на воената инфраструктура на Украина.

Лавров рече дека руската делегација претходно оваа недела ги доставила своите барања до украинските преговарачи и сега го чека одговорот на Киев на денешните разговори.

Западните сојузници инсистираат дека НАТО е одбранбен сојуз што не претставува закана за Русија.

Лавров остро го отфрла тоа, велејќи дека Западот ја претворил Украина во „база за поткопување на сѐ што е руско“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ