Премиерот Џастин Трудо му вети на претседателот Џо Бајден брза акција за ставање крај на кризата, а претходно во петокот канадски судија нареди прекин на петдневната блокада на мостот Амбасадор, најфреквентниот копнен граничен премин во Северна Америка.
Судската одлука стапи на сила во петокот во 19 часот по локално време, но повеќе од два часа подоцна, околу 200 демонстранти, меѓу кои и деца, се собраа околу влезот на мостот, веејќи канадски знамиња, додека други организираа огномет.
Полицијата, која почна да се собира на паркинг на неколку блокови подалеку од протестите, споделувала летоци во кои се наведени казни – до година дена затвор и 100.000 долари парична казна.
Several borders US – Canada are blocked. Blue Water Bridge, which connects Port Huron and Sarnia. Ambassador Bridge, which connects Detroit and Windsor. Cottus, which connects Alberta and Montana. Meanwhile, Ottawa has been occupied for twelve days. The protest of the century. pic.twitter.com/23wNudqg1A
— RadioGenova (@RadioGenova) February 10, 2022
Блокадата на мостот Амбасадор ја чинеше канадската автомобилска индустрија стотици милиони долари, тврди здружението на производители на автоделови во судски поднесок од 10 февруари.
Секој ден преку тој мост поминувале околу 40.000 луѓе и се транспортирала стока вредна 323 милиони долари.
Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, прогласи вонредна состојба во петокот поради двонеделните долги протести против епидемиолошките ограничувања.
Заземајќи ги пристапните патишта кои водат до мостот во петокот, демонстрантите ѝ пркосат на судската одлука и има малку знаци дека ќе се повлечат, според Ројтерс.
„Канада треба да биде слободна земја“, рече Лиз Вале, демонстрантка од Чатам, Онтарио. „Кога таа слобода е загрозена, мораме да станеме“, рече таа.
Канадското движење, наречено Конвој на слободата, првично беше насочено против одлуката по која возачите на камиони мора да се вакцинираат ако сакаат да ја поминат границата со Соединетите Држави.
Но, набрзо се претвори во протести против епидемиолошките мерки и против владата, а ги инспирираше и Новозеланѓаните. Слична акција започна и во Франција, каде полицијата во Париз најави забрана за протести поради „опасност од нарушување на јавниот ред“.






