недела, 1 февруари 2026

Демонстранти се залепија за улица во Берлин, полицијата ги одлепува (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тие, како и минатиот викенд, самите се залепија за асфалтот на западниот дек на прометниот градски автопат А100 што предизвика долги колони на инаку прометната сообраќајница.

Локалните медиуми јавуваат дека гневни возачи излегувале од автомобилите и самите се обидувале насилно да ги тргнат демонстрантите.

Активистите под слоганот „Да ја спасиме храната“ протестираа против фрлањето храна и бараа вртење кон „еколошки одржливо“ земјоделство кое нема да произведува толку штетни гасови.

Овие протести траат веќе неколку недели во Берлин, Хамбург и Минхен.

Организаторите на протестите ја обвинија полицијата дека за време на минатите протести демонстрантите кои се залепиле за автопатот со скалпел ги одвојувала од асфалтот.

„Постојат и други начини да се одвојат демонстрантите од асфалтот кои не се така опасни’, кажа една од портпаролките на иницијативата „Последна генерација“ која стои зад овие протести.

Иницијативата меѓу другото бара малопродажбата законски да се обврзе храната на која ѝ истекол рокот на траење, а која сè уште е погодна за прехрана, да им се донира на социјалните здруженија и да им се подели на сиромашните.

[video:https://youtu.be/gEe8lgslEMw autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ