сабота, 31 јануари 2026

Демонстранти се судрија со полицијата на Косово (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на партијата СДП, која е организатор на протестот, побараа од полицијата да им дозволи да се качат на скалите на владата, за да одржат говори.

Полицијата не им го дозволи тоа и во тој момент се случил судир со демонстрантите.

Претседателот на СДП Дардан Молиќај истакна дека владата се крие зад полицијата за да ги спречи протестите.

„Оваа полиција е политички режирана. Пред три дена беше одржан протест со истата причина ни тука немаше полиција. Барав разбирање, почнаа да апсат, груби и политички диригирани полицајци. Полицијата е тука за да нè сопре“, кажа Молиќај.

Собраните кон зградата на владата на Косово фрлаа свеќи и сијалици, за да го изразат незадоволството од предлогот на регулаторната служба за електрична енергија за зголемување на цената на струјата.

По протестот, демонстрантите мирно заминаа.

[video:https://youtu.be/R4kv-21pkTc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ