Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на парламентот, а полицискиот кордон ги потисна подалеку од објектот.
Неколку луѓе се повредени за време на демонстрациите во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Брзата помош се наоѓа на лице место и веднаш им помага на повредените, меѓу кои има и демонстранти и припадници на полицијата.
Еден маж е уапсен со гасен пиштол. Оружјето е одземено, а уапсениот е приведен во полициска станица. Полицијата подоцна извршила уште апсења.
[video:https://youtu.be/dhneJ_iPD0w autoplay:0]Демонстрациите ги организирала политичката партија Вараждан, која бара да се повлече сертификатот за вакцинација. Уште пред почетокот на протестот организаторите најавија дека на него ќе учествуваат околу 10.000 луѓе од целата земја.
[video:https://youtu.be/vq08ylwsy4w autoplay:0]Пратеничката група на Вараждан ја напуштила пленарната сала за време на денешната седница на парламентот за да се придружи на протестот.
Во меѓувреме, најголемиот полициски синдикат ги повика демонстрантите да избегнуваат ескалација на тензиите. Пред почетокот на демонстрациите пред бугарскиот парламент беше донесен воден топ.






