четврток, 22 јануари 2026

Данската премиерка: Можеме да преговараме за сè околу Гренланд, но за едно не

Данска сака да продолжи со „конструктивен дијалог со своите сојузници“ во врска со Гренланд и безбедноста на Арктикот, но со почитување на нејзиниот „територијален интегритет“, изјави премиерката Мете Фредериксен како одговор на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме да преговараме за сите политички аспекти: безбедност, инвестиции, економија. Но, за една работа не, не можеме да преговараме за нашиот суверенитет“, рече премиерката во соопштението.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте доцна во средата изјави дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на состанокот со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Данската премиерка нагласи дека „одржува близок дијалог со НАТО“ и додаде дека редовно разговарала со Руте, „особено пред и по неговата средба со претседателот Трамп во Давос“.

„Кралството Данска сака да продолжи конструктивен дијалог со своите сојузници за начините за зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и американската Златна купола, под услов тоа да се направи со почитување на нашиот територијален интегритет“, повтори таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ