понеделник, 8 декември 2025

Данска студија: Омикрон не се пренесува полесно од делта, но подобро го избегнува имунитетот

Објавено на

часот

Сподели

Откако омикрон беше откриен во ноември, научниците брзаат да откријат дали предизвикува поблаги симптоми на болест и зошто се чини позаразен од делта.

Постојат различни причини зошто вирусот може полесно да се пренесува. На пример, колку долго останува да лебди во воздух, колку е способен да се фати за клетките и колку добро го избегнува имунолошкиот систем на домаќинот.

Истражувањето предводено од научници на Универзитетот во Копенхаген, главната организација за статистика Статистик Денмарк и серолошкиот институт Статенс серум институт (ССИ) укажува на тоа дека главната причина за побрзото ширење на оваа варијанта на вирусот е неговата способност да го избегне имунитетот добиен од вакцината.

„Нашите откритија потврдуваат дека брзото ширење на омикрон може да се припише на способноста да го заобиколи имунитетот, а не со инхерентно зголемување на преносливоста“, тврдат истражувачите.

Данските научници претходно заклучија дека кај вакцинираната популација, омикрон е помеѓу 2,7 и 3,7 пати позаразен од делта.

Студијата исто така покажа дека, без оглед за која варијанта на вирусот се работи, помала била веројатност вакцинираните со трета доза да го пренесат вирусот за разлика од оние кои не биле вакцинирани.

Иако е полесно пренослив, омикронот предизвикува поблага форма на болеста, изјави за медиумите Тајра Гроув Краузе, технички директор на ССИ.

Таа додаде дека ризикот од хоспитализација поради омикрон е за половина помал отколку кога станува збор за делта, но поради поголемиот број на заразени здравствени системи сè уште се под притисок.

Слични податоци се појавуваат и во други истражувања за омикрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ