Музеите, зоолошките градини, забавните паркови, кината, театрите и концертните сали повторно се отворени од неделата, за прв пат по четири недели, со ограничен капацитет.
За пристап до повеќето места, посетителите мора да носат маска и да покажат ковид-потврда што докажува дека се вакцинирани, дека неодамна оздравеле или дека се негативно тестирани за ковид-19.
Но ноќните клубови остануваат затворени, барем до крајот на месецот.
Данска, земја со шест милиони жители, неодамна забележа повеќе од 20.000 нови случаи на ден.
Во саботата, на пример, беа потврдени повеќе од 25.000 случаи.
Надлежните од јавното здравство посочуваат дека ова е веројатно врвот на бранот, а бројот на хоспитализираните, и покрај растот на бројот на заразените, е стабилен. Во данските болници во просек се хоспитализирани меѓу 700 и 800 луѓе со ковид-19.






