понеделник, 8 декември 2025

Дачиќ: Ова е првата власт која сама себеси се развласти

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ на конференција за новинарите кажа и дека, кога резултатите од референдумот ќе бидат официјално прогласени, актуелната власт ќе биде првата власт која се откажала од ингеренциите врз правосудството.

„Оваа власт е првата која самата себеси се развласти во областа на правосудството, од кога постои парламентаризмот во Србија“, кажа тој.

Ги отфрли критиките на опозицијата во врска со референдумот, и истакна дека околу 16.000 члена на гласачките одбори биле од осум опозициски групации.

Според него, оние кои биле против референдумот сакаат политиката и понатаму да ги бира судиите.

Дачиќ, кој е претседател на српското собрание, кажа дека уставните промени ќе значат многу и за продолжувањето на европските интеграции на Србија, како и за привлекувањето странски инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ