среда, 1 април 2026

Дачиќ: Не очекувам новата влада на Србија да ѝ воведе санкции на Русија

Објавено на

часот

Сподели

„А ние сме против санкциите на Русија. Тоа е нашата државна политика сите изминати осум години, од кога Западот применува санкции против Русија“, кажа тој.

„Русија или Европската Унија, тоа е лажна дилема и јас тоа добро го знам затоа што бев премиер кога ги отворивме преговорите со ЕУ и од тогаш директно учествувам во сите одлуки кои се однесуваат на нашето пристапување на Унијата. Во исто време ја поддржувам нашата соработка со Русија и одржувањето на тие односи како најдобри можни“, кажа Дачиќ.

Тој истакна дека Србија е пример дека тие две стратегиски ориентации можат да одат една со друга и додаде дека тој ќе направи сè за така и да остане.

Додаде дека СПС и Српската напредна партија (СНС) имаат цврст договор и дека по изборите ќе ја продолжат соработката и ќе ја спроведуваат заедничката политика.

„Тој наш договор подразбираше и Александар Вучиќ да биде наш заеднички претседателски кандидат и на парламентарните избори да одиме секој со своја листа, бидејќи заклучивме дека на тој начин ќе оствариме најголема поддршка за нашата заедничка политика. Јас се кандидирам за премиер и тоа е целта на нашата партија, тоа е она што им го нудиме на гласачите“, кажа тој.

Лидерот на српските социјалисти наведе дека, ако тој биде премиер, владата ќе има јасен континуитет со сите досегашни влади и дека главните насоки на таа политика нема да се менуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ