вторник, 31 март 2026

Дачиќ: Целта на Приштина беше етничко чистење

Објавено на

часот

Сподели

Целта, како што додаде, беше етничко чистење на Србите, кое меѓународната заедница никогаш не го осуди. Дачиќ додаде дека од 1999 до денес се вратиле помалку од два отсто од Србите кои беа протерани, да живеат на Косово, што е доказ дека целта на Приштина е Косово без Срби, а не заеднички живот со нив.

„Погромот беше резултат на албанскиот сепаратизам на Косово и желбата за етничко чистење на Србите и тоа не беше единствениот пат, за жал. До денес не знам дали некој одговарал за тоа што се случи, дали се регистрирани извршителите, дали против некого е поднесено обвинение и дали некој е осуден. Тоа зборува за односот кон српските жртви и злосторствата врз Србите“, истакна Дачиќ.

Тој истакна дека меѓународната заедница никогаш не го осудила погромот на Србите на Косово во 2004 и дека нејзината политика никогаш не се сменила.

„Косово е нивно чедо и тие помагаа да се создаде и никогаш нема доволно да ги осудат ниту да извршат притисок да се дојде до компромис“, смета тој.

„На прашањето за агресивната политика на Приштина за прием во меѓународните институции и НАТО, а изговор за таквите барања им е ситуацијата во Украина, Дачиќ кажа дека е многу тешко во исто време да се зборува за територијалниот интегритет на Украина и да се турка Косово во меѓународни институции.

„Тоа е апсурдно спротивно едно од друго. Нашиот територијален интегритет е загрозен. Насилно е урнат со бомбардирањето на Србија и ние тие нешта секако нема да ги поддржуваме. Само се надевам дека нема да имаат доволно поддршка такво нешто да реализираат“, порача Дачиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ