среда, 1 април 2026

Црвениот крст: Десетици илјади животи зависат од конвојот кој оди кон Мариупол

Објавено на

часот

Сподели

Во последните недели илјадници цивили успеаја да избегаат од разурнатиот град, а владата во Киев тврди дека многу луѓе кои се обиделе да избегаат се нашле на удар на руската војска.

„Очајнички е важно да се спроведе оваа операција. Животите на десетици илјади луѓе во Мариупол зависат од неа“, кажа Јуан Вотсон од меѓународниот Црвен крст, кој ја спроведува мисијата за евакуација.

На пат кон Мариупол се 45 автобуси, кажа заменичката на украинскиот премиер Ирина Верешчук. Конвој би требало да достави неопходна хуманитарна помош во храна, вода и лекови.

Се проценува дека во Мариупол се останати уште околу 170.000 цивили. Поради руските напади со недели нема струја, вода, греење, а снемува и храна и вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ