недела, 29 март 2026

Црна Гора подготвува залихи на храна и гориво

Објавено на

часот

Сподели

Ѓукановиќ кажа дека Русија ги крши сите темелни принципи на меѓународното право, ја поткопува европската безбедност и ја загрозува нејзината стабилност.

„Се придружуваме на повиците на лидерите на Европската Унија до Русија итно да ги прекине непријателствата, да ги повлече силите од Украина и да ги почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина“, наведе Ѓукановиќ на Твитер.

И црногорското министерство за надворешни работи ја повика Русија да ги повлече трупите и да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Истакнаа дека Црна Гора „најостро ја осудува непредизвиканата воена агресија на Русија на Украина“.

„Црна Гора стои обединета со своите евроатлантски партнери и сојузници во поддршката на Украина“, наведе црногорската дипломатија.

Црна Гора е членка на НАТО, а својата надворешна политика ја усогласи со надворешната политика на Европската Унија.

Истовремено, црногорските медиуми објавија дека владата во Подгорица поради настаните во Украина обезбедила резерви на храна за три месеци и на гориво за два месеци.

„Сите трговски ланци имаат доволно залихи на храна и граѓаните може да бидат целосно сигурни. Ова е направено поради нарушувањата на меѓународниот пазар, поврзани со ситуацијата во Русија и Украина“, кажа за Вијести извор од црногорската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ