Извори блиски до лица кои работат на ова прашање за Волстрит џурнал изјавија дека Трамп бил запознаен со извештајот на ЦИА, кој бил споделен со мала група од неговиот тим за национална безбедност.
Таа проценка беше една од причините зошто Трамп одлучи да ја поддржи потпретседателката Делси Родригез, сега привремена претседателка на Венецуела, наместо лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, велат изворите.
Белата куќа не ја потврди оваа информација.
„Претседателот Трамп редовно е информиран за политичката динамика низ целиот свет. Претседателот и неговиот тим за национална безбедност донесуваат реални одлуки за конечно да се осигурат дека Венецуела се усогласува со интересите на САД и станува подобра земја за венецуелскиот народ“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Керолјан Ливит.






