сабота, 21 март 2026

ЦИА и Мосад се обидуваат да дознаат каде е новиот врховен лидер на Иран

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), израелскиот Мосад и други разузнавачки служби се обидуваат да откријат траги од иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, кој не се појавил во јавноста откако е избран за нов ајатолах, пренесе денес Аксиос.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, шпионските агенции набљудувале дали Хамнеи ќе објави видео порака по повод иранскиот новогодишен празник Новруз, како што традиционално правеше неговиот татко Али Хамнеи, кој беше убиен на почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари.

Сепак, јавноста доби само писмена изјава од новиот ајатолах.

„Немаме докази дека тој навистина издава наредби“, изјави неименуван израелски функционер, додека неговиот американски колега ја опиша ситуацијата како „повеќе од чудна“, пренесува Тајмс оф Израел.

Американско официјално лице, кое не беше именувано, рече дека не веруваат оти Иранците „ќе вложат толку многу труд за да изберат мртов човек за врховен водач“, но во исто време „нема докази дека тој го презел кормилото“.

Официјалното лице истакна и дека ЦИА се обидува да утврди дали фотографиите објавени со пораката на Хамнеи по повод Новруз се направени неодамна. Исто така, посочи дека, за разлика од Хамнеи, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан објави видео порака.

„Очекувавме да го видиме Моџтаба во некаква форма. Тој не ја искористи можноста и традицијата“, изјави американското официјално лице, оценувајќи дека ова е знак за предупредување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ