понеделник, 19 јануари 2026

Членството во Одборот за мир во Газа на Трамп чини милијарда долари

Нацрт од повелбата на американската администрација за формирање на „Одбор за мир“, задолжен за спроведување мир и обнова на Газа, е испратен до околу 60 земји, а доколку тие земји сакаат нивното членство да трае подолго од три години, треба да придонесат со милијарда долари во готово, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на документ што го имал на увид.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Секоја земја-членка ќе има мандат од три години од датумот на стапување во сила на Повелбата, се наведува во документот.

„Тригодишното членство нема да се однесува на оние земји-членки кои придонесуваат милијарда долари во готово во фондот на Одборот за мир во првата година од стапувањето на Повелбата во сила“, се додава во текстот.

Белата куќа објави формирање на два нови одбора за надзор на управата во Газа за време на транзицискиот период, а „Одборот за мир“ ќе го предводи американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека добил покана од Трамп и Албанија учествува во „Одборот за мир“ како една од државите основачи. Медиумите објавија дека и Романија добила иста покана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ