понеделник, 8 декември 2025

Чиле избира нов претседател: Комунистка против син на нацист

Чилеанците денеска излегуваат на избори за нов претседател на кои ќе се соочат владејачката левица и крајната десница, по кампања обележана со страв од криминал и отпор кон имиграцијата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иако спаѓа меѓу најбезбедните земји во Латинска Америка, Чиле во последните години се соочува со раст на организираниот криминал, проблем кој беше во центарот на предизборната кампања во која десницата и крајната десница го наметнаа својот безбедносен наратив.

Претседателот Габриел Бориќ, кој е од хрватско потекло, не може да се кандидира за втор мандат поради уставно ограничување.

Комунистката Жанет Жара (51), кандидатката на владејачката коалиција на левиот центар, води на анкетите, но излегува на избори во неповолен контекст.

Иако ужива поголема поддршка од гласачите од својот ривал од крајната десница Хосе Антонио Каст, испитувањата на јавното мислење предвидуваат победа на кандидат на десница или крајна десница во вториот круг.

Хозе Антонио Каст (59), татко на девет деца, се обидува да стане претседател по трет пат.

Во 2021 година, тој беше поразен од Габриел Бориќ, кој беше избран по бран ветувања за спроведување длабоки социјални реформи и усвојување нов устав што ќе го замени оној од диктатурата на Аугусто Пиноче (1973-1990). Но, по два неуспешни обиди за уставна реформа и експлозија на криминалот, што често се припишува на доаѓањето на странски банди, неговите амбиции се намалија.

Во таков контекст, сè повеќе гласачи бараат силна влада, а некои одат дотаму што го оплакуваат поранешниот диктатор, одговорен за повеќе од 3.000 смртни случаи и исчезнати лица. Каст, основачот на крајно десничарската Републиканска партија, е син на германски поручник кој избегал во Јужна Америка по Втората светска војна. Неговиот татко бил нацист, а неговиот брат бил министер под Пиноче, што ги намалило неговите шанси на последните избори.

Либералот Јоханес Кајзер (49) ги освои симпатиите на некои гласачи со ветувања дека ќе ги протера сите нелегални имигранти од земјата.

Кајзер, како и Каст, е од германско потекло и некогаш бил член на неговата Републиканска партија. Кандидатот на Народната партија од централно-десничарскиот дел, Франко Париси, изјави дека би можел да ја минира границата меѓу Чиле и Боливија за да ја запре имиграцијата.

Од левица, Жанет Жара се обиде да ги намали своите врски со Комунистичката партија, на која ѝ припаѓа уште од адолесценцијата, тврдејќи дека би можела да ја напушти доколку победи. Поранешната министерка за труд во владата на Бориќ се залага за политика на економски раст во комбинација со социјална правда, ветувајќи зајакнување на полицијата и контролата на миграцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ