четврток, 12 март 2026

Четири руски борбени авиони влегле на шведското небо, шведски министер: „Неприфатливо“

Објавено на

часот

Сподели

Два руски борбени авиони СУ27 и два СУ24 накратко влегле во шведскиот воздушен простор источно од шведскиот остров Готланд во Балтичко Море, се вели во соопштението на шведските вооружени сили, и се додава дека шведските авиони ЈАС 39 Грипен биле испратени да го документираат прекршувањето.

„Руското нарушување на шведскиот воздушен простор е, се разбира, целосно неприфатливо“, изјави министерот за одбрана Петер Хултквист за новинската агенција ТТ. „Тоа ќе доведе до цврст дипломатски одговор од Шведска. Шведскиот суверенитет и територија мора секогаш да се почитуваат.“

Вооружените сили на Шведска соопштија дека ситуацијата е под контрола и дека инцидентот покажува дека подготвеноста е добра.

„Во контекст на моменталната ситуација, овој настан го гледаме многу сериозно“, се вели на нивната веб-страница.

Шведска во неделата соопшти дека ќе испрати воена помош, вклучително и 5.000 противтенковски оружја за Украина, што е првпат од 1939 година Шведска да испраќа оружје во земја во која има војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ