недела, 14 декември 2025

Чешки министер: Предлогот за забрана на руската нафта не вклучува механизми за поделба на товарот

Објавено на

часот

Сподели

„Предлогот не ни покажува како недостигот, кој ќе го создаде ембаргото, праведно ќе се расподели меѓу членките, ниту скицира механизам на заедничка набавка и заедничка дистрибуција“, објасни Сикела. „Сè уште го проучуваме, но мене тоа ми е проблематично“, кажа чешкиот министер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен најави денес во Европскиот парламент, претставувајќи го новиот пакет санкции против Русија поради нејзиниот напад на Украина, дека ЕУ во следните шест месеци постепено ќе ја исклучи од пазарот руската нафта, а до крајот на годината и дериватите.

Со новите санкции „ќе ја лишиме руската економија од можноста за диверзификација и модернизација“, истакна Фон дер Лаен.

„Мораме да бидеме јасни: нема да биде лесно. Некои членки во голема мера зависат од руската нафта, но едноставно мораме да работиме на тоа“, кажа Фон дер Лаен.

„Ќе се погрижиме руската нафта да ја исклучиме постепено и контролирано за со нашите партнери да добиеме на време и да обезбедиме алтернативни извори и да го сведеме на минимум влијанието врз глобалните пазари“, додаде шефицата на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ