недела, 21 декември 2025

Чешка преговара со Германија за купување тенкови, своите ги испраќа во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Чешка би можела од Германија да добие тенкови Леопард, веројатно не најмодерната варијанта, изјави Чернохова на чешката телевизија.

„Мислам дека сме на вистинскиот, на добар пат“, рече таа. Таа додаде дека тие би можеле да бидат „некаде на средина“ помеѓу старите Леопард 1 и поновите Леопард 2 верзии.

Чешка има 30 модернизирани тенкови Т-72 и уште неколку десетици што не се модернизирани. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Чешка испрати некои од своите немодернизирани тенкови во Украина.

Чесите испратија и тешко оружје во Украина од воени складишта и приватни компании за оружје, вклучувајќи артилерија, борбени возила, противвоздушна опрема и повеќецевни ракетни фрлачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ