недела, 15 март 2026

Чешка бара компанија за изградба на нуклеарен реактор, во старт ги одби Русите

Објавено на

часот

Сподели

Претходната влада минатата година испрати безбедносни прашалници до американската Вестингхаус, француската ЕДФ и јужнокорејската КХНП, исклучувајќи ги кандидатите од Кина и Русија од безбедносни причини.

Новиот премиер вели дека дополнително ќе го стесни списокот, додавајќи во неделното интервју дека, според плановите на тендерот, снабдувачот за Дуковани би можел да биде избран до 2024 година и да се добијат градежни дозволи до 2029 година.

Постројката ќе биде оперативна до 2036 година, проценува Фијала.

Отворањето на тендерот се совпадна со зголемените тензии во Источна Европа поради кризата во Украина. Западот ја обвинува Русија дека подготвува напад врз соседната земја, а Москва тоа го негира.

Чешка ја исклучи Русија од тендерот вреден најмалку шест милијарди евра во април минатата година поради дипломатскиот спор со Москва околу експлозијата во складиште за оружје во 2014 година. Русија негираше вмешаност во инцидентот.

Чешка произведува 40 отсто од електричната енергија во нуклеарните централи, а новата централа се очекува да ги замени капацитетите што ќе бидат затворени во наредните децении.

Критичарите, сепак, предупредуваат дека новиот блок во Дуковани ќе чини повеќе од очекуваното. Проектот треба да биде поддржан со државни бескаматни кредити и гарантиран откуп на струја со државни гаранции, на кои ЧЕЗ треба да заработи. Компанијата е 70 отсто во државна сопственост.

Чешка се избори за одредени промени во преговорите со ЕУ кои резултираа со вклучување на нуклеарната енергија во зелените инвестициски планови на Европската унија, потсетува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ