среда, 1 април 2026

Чешка ѝ испрати советски тенкови на Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова индиректно го потврди испраќањето на тенковите во Украина. Таа на Твитер објави дека Чешка ѝ испраќа „неопходна воена опрема“ на Украина.

Волстрит џурнал објави денес, повикувајќи се на чешки и словачки одбранбени функционери, дека ова е првпат некоја странска земја да ѝ испрати тенкови на Украина од почетокот на инвазијата.

Претходно чешкиот портал Ехо24 објави дека станува збор за неколку постари, немодернизирани тенкови Т-2 од советска ера и повеќе оклопни транспортери БМП-1, кои им припаѓале на чешките резервисти.

Германскиот весник Велт ам зонтаг претходно објави дека Берлин се откажал од забелешките приватни чешки трговци со оружје да извезат 56 оклопни возила БМП-1 во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ