понеделник, 30 март 2026

Чеченскиот лидер го пофали Вучиќ за невоведувањето санкции: Нема тоа да го заборавиме, браќа

Објавено на

часот

Сподели

„Вучиќ и Лукашенко се пример на несебично служење на својата татковина. Тие се национални лидери и вистински патриоти на своите земји, кои во својата внатрешна и надворешна политика се водат од интересите на народот, а не по санкциската психоза на англосаксонскиот свет“, кажа Кадиров.

Вучиќ го пофали за тоа што не ѝ воведе санкции на Русија и го спореди со Лукашенко.

„Нашите земји ги поврзуваат братски врски. Многу ми е драго што политиката која ја спроведуваат српските и белоруските власти, не обѕирајќи се на агресивниот надворешен притисок, придонесува на јакнење на мирот и слогата меѓу нашите држави. Русија во ниеден момент не ги заборавила добрите дела! Нема да ги заборавиме ни ние, браќа!“, додаде чеченскиот лидер.

Тој кажа и дека Русија не е агресор во Украина и дека неговата земја никогаш не почнувала војни, туку ги завршувала „за да доведе до мир“.

„Денес, преку масовната антируска информациска хистерија се обидуваат да ја претстават Русија како агресор и да ги дискредитираат властите на нашата земја. На светската заедница која е во состојба адекватно да размислува познато ѝ е дека агресорите се всушност САД и НАТО.

Јасна потврда за тоа се десетици земји кои ги бомбардираа и над 11 милиони цивили кои ги убија. Русија предолго го трпеше ова малтретирање“, кажа и додаде дека Русија „сопира глобална светска катастрофа“.

За украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека е марионета.

„Зеленски е патетична марионета која западните куклари ја вртат како што сакаат. Му предлагам на Зеленски да му се извини на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за непријателската антируска политика и да се сложи со сите услови на Русија за демилитаризација и денацификација на Украина. Тоа за него и за цела Украина ќе биде најдобриот излез од кризата во која ги доведе, безобѕирно верувајќи им на празните ветувања на западните земји“, порача Кадиров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ