недела, 15 март 2026

Бунтовниците во источна Украина прогласија општа мобилизација

Објавено на

часот

Сподели

Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, кажа дека ја потпишал наредбата за мобилизација и ги повика мажите „кои можат да држат оружје во раце“ да се пријават во воените комисии.

Другиот бунтовнички лидер, Леонид Пасечник, потпиша слилна наредба за Народна Република Луганск набрзо по тоа.

Бунтовничките сили вчера објавија планови за евакуација на околу 700.000 луѓе, наведувајќи го стравот од скор напад на провладините сили на Киев.

Околу 7.000 луѓе се евакуирани од Доњецк денес наутро, соопшти локалното министерство за итни случаи.

Украинската војска соопшти денес дека утрово регистрирала 12 кршења на примирјето од страна на проруските бунтовници во источна Украина по 66 случаи во претходните 24 часа.

Бунтовничките сили тврдат дека владините сили гранатирале денес неколку села. Очевидци во Доњецк изјавиле дека денес наутро се слушнале неколку експлозии, но засега не е можно да се утврди за што станува збор.

Двете страни редовно меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ