недела, 15 март 2026

Бунтовничкиот украински регион нареди евакуација, жителите бегаат во Русија

Објавено на

часот

Сподели

Украинските трупи се засилени со залихи оружје од западните земји и „сега се наместени за борба и подготвени да го заземат Донбас со сила“, тврди Денис Пушилин.

Украинските бунтовници очекуваат претседателот Володимир Зеленски да нареди офанзива „во најблиска иднина“, пренесува РТ. Нивните воени сили се подготвени да се борат, но цивилите во областите што се под контрола на бунтовниците се изложени на ризик да бидат фатени во вкрстен оган, предупреди шефот на народната република Доњецк.

„Затоа почнувајќи од денес, 18 февруари, организирана е масовна евакуација на луѓето во Руската Федерација“, рече тој, додавајќи дека приоритет ќе им се даде на ранливите групи како жени, деца и стари лица.

Пушилин рече дека руските власти во соседниот регион Ростовски очекуваат прилив на евакуирани и дека ќе им го обезбедат она што им е потребно.

Соопштението е објавено откако набљудувачите на ОБСЕ, кои ја надгледуваат ситуацијата долж линијата во источна Украина што ги дели деловите од земјата контролирани од владата и териториите што ги држат бунтовничките сили, објавија пораст на непријателствата оваа недела.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, накратко ја коментираше најавата на прорускиот сепаратист за наводна масовна евакуација на цивили во Русија: „Не знам што му е“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ