понеделник, 8 декември 2025

Бугарскиот премиер, претседател и тројца министри завршија во самоизолација

Објавено на

часот

Сподели

Бугарскиот здравствен челник Ангел Кунчев рече дека сите учесници на советодавниот Национален безбедносен совет што се одржа во понеделникот се здрави, но ќе останат во самоизолација откако се покажа дека претседателот на парламентот Никола Минчев е позитивен на вирусот.

На средбата заедно со премиерот Кирил Петков и претседателот Румен Радев присуствувале министрите за внатрешни работи, одбрана и финансии, како и заменик министерот за надворешни работи и претставници на главните политички партии.

„Премиерот ќе биде во карантин, според правилата“, изјави владин претставник за Ројтерс.

Петков ќе продолжи да работи од дома, а обврските кои бараат негово присуство ќе ги преземе заменичката Калина Константинова, соопшти владата.

Бугарија, земја со околу 7 милиони жители, во вторникот имаше 6.761 нов случај на коронавирус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ