Петков истакна дека за растот на цените во земјата се виновни високите цени на горивата на светските пазари, односно дека инфлацијата во земјата е предизвикана од надворешни фактори, пренесува Новините.
Како што се наведува, токму затоа бугарската влада смислила конкретни мерки за кои ќе дискутира со своите европски партнери.
Бугарскиот предлог вклучува: заедничко купување гас од страна на широк тим на Европската Унија за да се постигне поголема сила на пазарот; ако се постигне цена повисока од 50 евра за мегават-час, треба да се воведе механизам кој цената би ја одржувал под тој износ; координирано намалување на давачките на горивата; интензивирање на преговорите со доставувачите на природен гас за да се обезбеди секундарна опција; полнење на складиштата на гас во ЕУ до 90 отсто наполнетост пред следната зима.
Се очекува гласањето за предлогот на Бугарија да биде во четврток.






