Креаторите на политата во Брисел и Софија се надеваат дека овој потег ќе ја поттикне економијата на Бугарија и ќе ја зацврсти нејзината прозападна траекторија.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека еврото ќе ја поттикне трговијата, инвестициите, квалитетните работни места и реалните приходи на Бугарија.
За време на неодамнешната посета на Софија, комесарот за економија, Валдис Домбровскис, изјави дека потегот е клучен во време на војната на Русија со Украина, растечките геополитички тензии и глобалната економска неизвесност, што се фактори кои ја нагласуваат важноста на европското единство.
„Повеќето европски земји, вклучително и Бугарија, се премногу мали за сами да го обликуваат денешниот свет. Тие можат да ја добијат потребната тежина само со целосно интегрирање во поголемите политички и економски структури на ЕУ“, рече Домбровскис.
Гардијан пишува дека, и покрај нагласените предности, Бугарите се далеку од обединување. Неодамнешна анкета на Министерството за финансии покажа дека 51 процент од граѓаните се за приклучување кон зоната на единствена валута, а 45 проценти се против.






