Бугарскиот премиер Кирил Петков денес им порача на Бугарите дека нема да има недостиг од гас, додавајќи дека преговара со грчката влада за да обезбеди алтернатива на рускиот гас.
Бугарија околу 90 отсто од својот гас го увезуваше од Русија, што ја прави поранлива на рускиот потег отколку Полска, на која Русите исто така денес и го прекинаа снабдувањето со природен гас.
Премиерот Петков го обвини Кремљ за „рекет и уцена“. Кажа дека веднаш почнал преговори со грчката влада. Разговорите ги потврди и грчката страна, која предвидува дека гасоводот со кој азербејџанскиот гас од грчки Комотини треба да стигнува до Стара Загора во Бугарија треба да биде отворен во јуни.
Грчката влада ѝ понудила помош на Бугарија со своите резерви на течен природен гас, доколку е потребно. Меѓутоа, новиот гас Бугарија ќе ја чини значително поскапо од рускиот.
Рускиот потег би можел да ги зголеми тензиите во бугарската влада, во која два од четирите коалициски партнери се попријателски расположени кон Русија.






