„За жал во овој момент сите оние за кои Европол има докази дека се вмешани во планирањето на атентатот на претседателот Вучиќ се надвор од дометот на нашите безбедносни служби. Ние не можеме да дојдеме до нив. Тука се и двајца црногорски државјани. Некои се државјани на Европската Унија и држави надвор од неа“, кажа Брнабиќ за РТС.
Таа додаде дека на отстранувањето на опасноста се соработува со безбедносните служби на Црна Гора како и со други странски служби.
Како што истакна, „апсолутно“ им верува на српските безбедносни служби и дека нивните припадници се спремни да ги жртвуваат своите животи ако е потребно за да го заштитат Вучиќ.
„Верувам дека ние ова ќе го спречиме, но имаме уште многу работа“, истакна Брнабиќ, наведувајќи дека обезбедувањето на Вучиќ е на максимум.
Наведе дека таа „ги нема информациите кои се појавија во некои медиуми дека има сомнеж дека некој, секако не во непосредното обезбедување на српскиот претседател, е на кој било начин компромитиран“. „Значи немам такви информации“, кажа Брнабиќ.
На прашањето колку е засилено вниманието на границата бидејќи претходно изрази сомнеж дека некои од тие кои го планираат атентатот би можеле да влезат во Србија, таа кажа дека верува дека тоа е нивниот план и дека е максимално зајакната контролата на границите.
„Тие имаат секако и свои јатаци тука во Србија, за нив е нешто полесно, тие се под наш директен надзор. Затоа кажав дека она што мене ми е проблематично е сите оние кои се главни а вмешани во она не се во дометот на нашите безбедносни служби. Јас сум нормално најбезбедна кога се во дометот на нашите служби, иако им верувам на нашите партнери“, наведе Брнабиќ.
Таа кажа дека е „апсолутно сигурна“ дека Радоје Звицер, кој е означен како организатор на групата за извршување на атентатот, има политички нарачател.
„Апсолутно сум сигурна, не би зборувала понатаму за тоа. Не би можел да стане толку силен, ниту да ја разграни својата мрежа на таков начин, ниту да стане еден од, на светско ниво најозлогласените криминалци, да немал и да нема таква поддршка“, кажа Брнабиќ.






