„Сериозно мнозинство луѓе беа за, повеќе од 60 отсто, околу 400 илјади луѓе кои гласаа „да“, а не против. Тоа е големо нешто, се боревме за ова“, кажа Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања.
Таа, пренесува Танјуг, потсети дека промената на уставот долго се подготвувала и успехот на референдумот го окарактеризира како победа.
На прашањето за излезноста, Брнабиќ кажа дека главните фактори кои влијаеле врз намалениот број граѓани кои гласале се моменталната епидемиолошка состојба и повикот на одделни политички актери на бојкот на референдумот.
„Но и незаинтересираноста на дел на граѓаните за прашањето за промена на уставот во делот на правосудството“, кажа Брнабиќ.






