четврток, 25 декември 2025

Британскиот министер за одбрана: Путин не може да има Ден на победата, само срам и пораз

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот по повод руската воена парада на Денот на победата со кој се одбележува победата над нацизмот во Втората светска војна, Волис кажа дека руските генерали се соучесници на нивниот претседател, и дека би требало да се соочат со воен суд за војната во Украина.

„Со инвазијата на Украина, Путин и неговиот потесен круг генерали сега ги одразуваат фашизмот и тиранијата од пред 77 години, повторувајќи ги грешките на тоталитарниот режим од минатиот век“, кажа тој.

„Путин и неговите генерали не можат да имаат Ден на победата, само срам и сигурен пораз во Украина“.

Волис го одржа говорот додека Путин ѝ се обраќаше на војската на Црвениот плоштад на годишнината од победата над нацистичка Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ